УТРО.мк

Зошто кесичката чипс никогаш не е полна до врв? Причината ќе ве изненади

Зошто кесичката чипс никогаш не е полна до врв? Причината ќе ве изненади
Vero

Многумина барем еднаш се разочарале кога ќе отворат нова кесичка чипс и ќе забележат дека е исполнета само до половина. Често се шегува дека купувачите всушност плаќаат „воздух“, но вистината е поинаква.

Празниот простор во кесичката не е случаен, ниту пак е само начин производителите да заштедат на количината на производот. Зад ваквото пакување се крие практична причина – заштита на чипсот и зачувување на неговиот квалитет.

Во кесичката нема обичен воздух

Иако изгледа дека кесичките се наполнети со воздух, всушност најчесто содржат азот. Овој гас има важна улога во одржувањето на свежината, вкусот, мирисот и крцкавоста на чипсот.

Азотот го намалува присуството на кислород во пакувањето, со што се забавуваат процесите кои можат да влијаат врз квалитетот на производот. Откако кесичката ќе се отвори, азотот излегува, а чипсот постепено станува почувствителен на влагата од воздухот и ја губи препознатливата крцкавост.

Празниот простор е и заштита од кршење

Покрај зачувувањето на свежината, азотот има уште една важна функција – делува како заштитен слој кој го спречува кршењето на чипсот за време на транспортот.

Без овој дополнителен простор, грицките би биле многу поизложени на удари при пренесување од фабриката до продавниците, па голем дел од производот би можел да пристигне искршен.

Слично како што кршливите предмети се пакуваат со заштитни материјали при испорака, така и кај чипсот гасот во кесичката создава „перница“ која го чува производот.

Зошто производителите не ставаат повеќе чипс?

Едно од најчестите прашања е зошто кесичките едноставно не се наполнат со повеќе чипс. Одговорот е дека количината на азот е важна за заштитата на производот, а самиот гас има многу мала тежина, па не претставува значителен трошок при транспортот.

Иако на купувачите понекогаш им изгледа дека добиваат „половина кесичка“, дополнителниот простор всушност е дел од технологијата на пакување која овозможува чипсот да остане свеж, вкусен и неоштетен до моментот кога ќе стигне до потрошувачот.

Затоа, следниот пат кога ќе отворите кесичка чипс, имајте предвид дека празниот простор не е само „воздух“ – туку важен дел од процесот што го одржува квалитетот на омилената грицка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin