УТРО.мк

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на министерската конференција „Подемот на политичкиот тероризам“.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, конференцијата ќе собере високи претставници од повеќе од 60 држави, со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат транснационалните безбедносни закани, радикализацијата во дигиталната ера и потребата од поинтензивна размена на безбедносни и оперативни информации меѓу државите, како и координиран пристап во превенцијата и раното препознавање на заканите.

За време на конференцијата, Муцунски ќе ги претстави македонските активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и мерките за унапредување на законската и институционалната рамка во оваа област.

Во рамките на посетата на Вашингтон, предвидено е министерот да оствари и билатерална средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот, на која се очекува да бидат разгледани прашања поврзани со билатералната соработка и актуелните регионални и безбедносни теми.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin