УТРО.мк

Осуденици седум дена ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ државата

Осуденици седум дена ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ државата
Vero

Од денеска започна седумдневна акција за чистење на магистралните и регионалните патишта низ државата, во која се ангажирани осудени лица од повеќе казнено-поправни установи. Акцијата ќе трае до 22 јули и се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“.

Активностите се спроведуваат согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица, а увид во почетокот на акцијата извршија заменик-директорот на ЈП „Македонија Пат“, Александар Шуковски, и претставници од Кабинетот на директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.

Во акцијата се вклучени осуденици од казнено-поправните установи во Идризово, Штип, Прилеп, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга. Тие се ангажирани на делници од магистралните и регионалните патишта што се наоѓаат во непосредна близина на установите во кои ја издржуваат казната.

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека за време на работниот ангажман осудените лица се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција.

Целта на акцијата е подобрување на хигиената долж патната инфраструктура, преку координирана соработка меѓу институциите и вклучување на осудените лица во активности од јавен интерес.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin