УТРО.мк

ВИДЕО – Проданоски: Прилеп е подготвен за почетокот на 23. Пиво Фест

ВИДЕО –  Проданоски: Прилеп е подготвен за почетокот на 23. Пиво Фест
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата.

Според него, Општина Прилеп како главен покровител годинава обезбедила 2 милиони денари финансиска поддршка, а комплетната фестивалска инфраструктура е поставена за да ги пречека илјадниците посетители од Македонија, дијаспората и соседните земји.

„Вечерва во 21:30 часот со традиционалната здравица официјално ќе биде отворен фестивалот, по што следува богата музичка програма. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во понудата на пет пивари со повеќе од 20 видови пиво, препознатливата прилепска скара, како и новите содржини – Фан зона, Детска зона и Алтернативна сцена“, истакна Проданоски.

Тој упати апел до прилепчани да се движат пеш или да го користат јавниот градски превоз, со цел да се обезбеди доволно паркинг простор за гостите, додавајќи дека за безбедноста на посетителите ќе се грижат надлежните служби со засилено присуство во текот на фестивалот.

Проданоски ја сподели и убавата вест дека во изминатите два дена во Прилеп се родиле 12 новороденчиња.

„Нека се живи и здрави! Тоа е најубавата потврда дека Прилеп расте, а Општината ќе продолжи да ги поддржува младите семејства“, порача градоначалникот.

На крајот, Проданоски ги покани сите граѓани и гости да бидат дел од годинашното издание на Пиво Фестивалот и заеднички да создадат уште едно незаборавно фестивалско доживување во Прилеп.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin