УТРО.мк

Проданоски: Прилеп се насочува кон развоен буџет и поголеми капитални инвестиции

Проданоски: Прилеп се насочува кон развоен буџет и поголеми капитални инвестиции
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување на Радио Холидеј зборуваше за новиот пристап во управувањето со општинскиот буџет, кој, како што истакна, ќе биде насочен кон развојни проекти, капитални инвестиции и подобрување на услугите за граѓаните. Целта, според него, е средствата од буџетот да се користат поодговорно и да се насочуваат кон проекти што носат долгорочен бенефит за градот.

„Сметам како градоначалник, а верувам дека се согласуваат и советниците дека ние треба секој еден денар којшто граѓаните го даваат во буџетот на општина Прилеп да го штедиме и треба полека да одиме во размислување дека иако се јавни градски пари треба да ги штедиме како од сопствениот домашниот буџет односно рационално да бидат користени и најголем дел од тие средства да одат во нови проекти во подобрување на квалитетот и на услугите“, изјави Проданоски.

Тој појасни дека општината веќе прави промена во стратегијата на трошење на јавните средства, преминувајќи од период на ограничени инвестиции кон фаза на поинтензивен развој. Како дел од тие напори, издвоени се 10 милиони денари за изработка на проектна документација, што е предуслов за аплицирање и привлекување средства од европските фондови. Дополнително, се очекува значително зголемување на приходите од концесиски надоместоци, кои од околу 50 до 60 милиони денари во 2024 година, според проценките, ќе достигнат 118 милиони денари во 2025 година, благодарение на новите законски измени.

Проданоски посочи дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на неколку клучни развојни сегменти. Меѓу нив е изработката на нов Генерален урбанистички план со кој ќе се прошируваат границите на градот и ќе се создадат нови парцели за домување и индустриски зони. Во делот на инфраструктурата, планирана е изградба на обиколницата „Исток“, со која товарниот сообраќај ќе се измести од градот, како и довршување на кружниот тек кај мостот „Табана“.

Паралелно со тоа, општината планира модернизација на комуналните услуги преку набавка на нови камиони за собирање смет и современи контејнери, како и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа. Во рамки на зелената агенда и подобрувањето на јавниот транспорт се разгледува набавка на четири до шест електрични автобуси и имплементација на План за одржлива урбана мобилност.

Дигитализацијата на услугите е уште еден приоритет, при што се предвидува воведување електронска наплата на даноци и развој на е-услуги кои ќе им овозможат на граѓаните да завршуваат административни постапки без физичко присуство во општината. Во делот на социјалната политика, од септември 2026 година се планира финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче, како и бесплатни училишни униформи за сите ученици во основното образование.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран