
ЈКП „Водовод“ – Битола јавно демантира неточни информации објавени во одредени политички статуси во врска со состојбата на улицата Индустриска во населбата Боримечка.

Од претпријатието информираат дека чистењето на улиците се врши веднаш по завршувањето на санацијата на дефектите и интервенциите на водоводната мрежа. Во текот на изведувањето на работите, при ископ и поправка на дефектите, како што посочуваат, нормално е да има привремено нарушување на површината.

„По комплетирање на санацијата, нашите екипи вршат расчистување и доведување на теренот во соодветна состојба“, наведуваат од ЈКП „Водовод“ – Битола.
Оттаму додаваат дека претпријатието продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на граѓаните и за непречено функционирање на водоводната мрежа во градот.























