УТРО.мк

Општина Битола започна реконструкција на улици во Братиндол

Општина Битола започна реконструкција на улици во Братиндол
Vero

Општина Битола започна со реконструкција на улици во селото Братиндол, проект кој има за цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на локалното население.

Станува збор за проект кој општината го доби преку вториот повик на Владата, реализиран преку Министерството за транспорт, во вкупна вредност од 4.227.303 денари.

Со проектот е предвидена реконструкција на коловозот на седум краци во селото. Работите опфаќаат расчистување и ископ на земја, поставување тампониран слој, а во завршната фаза ќе следува асфалтирање.

Од Општина Битола информираат дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри комуникацијата и пристапноста за жителите во Братиндол, а воедно се потврдува и заложбата на локалната самоуправа за континуирано вложување во развојот на руралните средини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран