УТРО.мк

Проданоски на средби со жени од различни професии по повод Меѓународниот ден на жената

Проданоски на средби со жени од различни професии по повод Меѓународниот ден на жената
Vero

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината.

Вчерашниот ден Проданоски го помина во средби и разговори со жени од различни сфери на општествениот живот, вклучувајќи ги новинарките од градот, вработените во детската градинка „Наша Иднина“, колешките од општинската администрација, советничките во Советот на Општина Прилеп, како и штитеничките во Домот за стари лица.

„Во секоја од овие средби се потврдува истото: жените се двигател на семејството, на институциите и на заедницата. Со својата посветеност, одговорност и грижа тие оставаат силен белег во општеството и се вистинска инспирација за сите нас“, истакна Проданоски.

Тој додаде дека ваквите денови треба да нè потсетуваат дека почитта, поддршката и еднаквите можности за жените треба да ги негуваме секој ден.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран