УТРО.мк

Утре посебен сообраќаем режим во Скопје

Утре посебен сообраќаем режим во Скопје
Vero

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела (08.03.2026)

На 08.03.2026 (недела) со почеток во 12:00 часот, поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената, кој ќе се одвива со траса на движење од пред парк Жена Борец на ул.„11 Октомври“, во продолжение по ул.„Димитрија Чуповски“, десно по ул.„Даме Груев“, во продолжение по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“, десно по бул.„Климент Охридски“, лево по ул.„Ристо Шишков“, десно по ул.„Благоја Страчков“, десно по ул.„Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и завршува кај парк и спомен плочата во чест на „Вера Јоциќ“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран