УТРО.мк

Меџити: Наставниците се темелот на образованието и иднината

Меџити: Наставниците се темелот на образованието и иднината
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод 7 Март – Денот на учителот, порача дека образованието останува една од најважните основи врз кои се гради силно и развиено општество.

Тој истакна дека историјата покажува дека образованието отсекогаш било столб на кој се темелат стабилните општества, а во најтешките периоди токму училиштата и наставниците ја зачувале јазичната, културната и националната свест.

„И денес наставниците и училиштата остануваат меѓу најважните столбови на општеството и државата“, нагласи Меџити.

Тој посочи дека токму поради тоа образованието е главен приоритет за Општина Чаир. Освен инвестициите во училишна опрема, реновирање на постојните објекти и создавање лаборатории и спортски терени, во тек е изградба и на две нови современи училишта – „Митхат Фрашери“ и „Викторија“.

Според него, со изградбата на овие училишта ќе се намали пренатрупаноста во образовните установи и значително ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.

Паралелно со образованието, општината инвестира и во спортската инфраструктура. Минатата недела беа поставени темелите на професионален базен во училиштето „7 Март“, проект вреден над еден милион евра, кој ќе овозможи нови можности за спорт и физичко образование за младите.

Во рамки на одбележувањето на Денот на учителот, беа оддадени признанија и на наставниците кои заминале во пензија, како благодарност за нивната долгогодишна посветеност и придонес во образованието.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран