УТРО.мк

Прекини на струја и вода во делови од Скопје

Прекини на струја и вода во делови од Скопје
Vero

Во текот на денешниот ден делови од Скопје ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, поради планирани технички интервенции на електро- и водоводната мрежа, информираат надлежните служби.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје соопштуваат дека во општина Центар, од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе останат дел од домаќинствата и деловните објекти лоцирани на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“. Прекинот е резултат на закажани зафати на електродистрибутивната мрежа.

Планирано исклучување на електричната енергија ќе има и во општина Карпош. Таму, од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата „Миле Поп Јорданов“, во близина на хотел „Гранит“, ќе останат без напојување со струја.

Покрај прекините во електроснабдувањето, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска дел од општина Чаир ќе биде без вода. Станува збор за корисниците на улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран