УТРО.мк

Најчевска: „Чекањето на Киро Глигоров отвори пат за бугарско влијание во Македонија“

Најчевска: „Чекањето на Киро Глигоров отвори пат за бугарско влијание во Македонија“
Vero

По објавувањето на декласифицираните документи од ЦИА, кои покажуваат дека во 1992 година Грција му понудила на Киро Глигоров 100 милиони долари за промена на името на Македонија, професорката Мирјана Најчевска јавно се огласи на социјалните мрежи.

Според неа, одлуките на првиот претседател на независна Македонија биле сериозен пресврт со долгорочни последици. Најчевска истакнува дека една од најголемите грешки на Глигоров била примената на стратегијата на чекање во критичен момент. Наместо да ја искористи историската прилика, тој овозможил Македонија да стане заложник на соседни држави, особено на Бугарија.

Покрај тоа, Глигоров ја поддржал власта на Бранко Црвенковски, со што, според Најчевска, се овозможила криминална приватизација и разграбување на општото добро. Дополнително, дозволил неговиот довереник Трајко Фрчковски да го конципира Уставот базиран на етнички колективитети, наместо на индивидуалните права, создавајќи институционални ограничувања што се чувствуваат и денес.

Најчевска посочува и дека неговото одбивање на промена на името довело до политичка експанзија на националистичките идеи. Овие идеи, инспирирани од Александар Македонски и концептот за континуитетот на македонската држава од антиката, ја обликувале современата национална свест, често во конфликт со реалниот историски развој во рамките на СФРЈ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран