УТРО.мк

Приведен возач во близина на Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот

Приведен возач во близина на Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
Vero

На 04.07.2025 околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- с. Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода М.М.(65) од с. Дулица.

Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран