УТРО.мк

Прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово поради дефект на водоводната мрежа

Прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово поради дефект на водоводната мрежа
Vero

Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека поради дефект на главната водоводна линија на улицата Тодор Циповски-Мержан, привремено е прекинато снабдувањето со вода за пиење во овој дел од градот.

Од претпријатието соопштија дека нивните екипи се на терен и интензивно работат со полн капацитет за што побрза санација на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

„Ги замолуваме граѓаните за разбирање и ги уверуваме дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршување на поправката,“ стои во соопштението на ЈКП „Шар“.

Според најавите, водата ќе биде вратена веднаш по целосната санација на дефектот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран