УТРО.мк

Лишени од слобода возачи од Прилеп и Кавадарци поради возење под дејство на алкохол, кавадарчанецот предизвикал и сообраќајна несреќа

Лишени од слобода возачи од Прилеп и Кавадарци поради возење под дејство на алкохол, кавадарчанецот предизвикал и сообраќајна несреќа
Vero

На 18.10.2025 во 00:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„11-ти Октомври“ во Прилеп го лишија од слобода В.С. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое В.С. го управувал, при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

На 17.10.2025 во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран