УТРО.мк

Полицијата уапси полициски службеник од Гостивар, украл пари и злато запленети при претреси

Полицијата уапси полициски службеник од Гостивар, украл пари и злато запленети при претреси
Vero

Лишен од слобода полициски службеник од Гостивар, украл пари и злато запленети при извршени претреси, а кои требало да ги чува во шкаф во полициската станица, приведен и златар поради помагање

На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра. Увид во објектот на Полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар. Исто така, во 20.30 часот на улица ,,18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш.(32) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит.

По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран