УТРО.мк

По 11 години упорност – Битола конечно добива свои велосипедски патеки

По 11 години упорност – Битола конечно добива свои велосипедски патеки
Vero

Битола конечно се приклучува на мапата на вело-градови, со повеќе од 5 километри изградени велосипедски патеки – реализација што доаѓа по цели 11 години активизам и застапување од иницијативата „Битола на точак“.

„Ова беше еден од првите проекти што ни ги презентираа уште во СВР во 2014 година – одобрен и потпишан, но дури сега гледаме конкретна реализација“, изјави Виктор Илиев од иницијативата, потсетувајќи на долгогодишната борба за поеколошка и поодржлива Битола.

Општина Битола ја објави веста со симболичен гест – градоначалникот Тони Коњановски утрото го започна со велосипед до работа, како поддршка за урбана мобилност и здрав начин на живот. „Битола станува вело-град. Ова е само почеток – следуваат нови рути и подобрување на постојната инфраструктура“, истакна тој по средбата со млади велосипедисти и активисти.

Во наредниот период се најавува расчистување и сигнализација на постоечките патеки, како и изградба на нови рути, вклучувајќи ја и зоната кај поранешната касарна АРМ. Велосипедските патеки долж улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ се реализираат со средства од буџетот на општината и проектот „Smart4You2“, поддржан од Европските фондови.

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на Битола за редефинирање на јавниот простор и промоција на алтернативен транспорт.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран