Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693,21 метри надморска височина, што е осум сантиметри под просечната вредност за ноември.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, езерото моментално е 11 сантиметри над дозволениот минимален водостој поставен на котата 693,1 метри. Температурата на водата денеска е измерена на 13 Целзиусови степени, што речиси целосно се совпаѓа со долгогодишниот просек за овој месец од 12,9 степени.























