УТРО.мк

Нова инвестиција во битолскиот водовод: Се реконструира мрежата на „Христо Ботев“

Нова инвестиција во битолскиот водовод: Се реконструира мрежата на „Христо Ботев“
Vero

ЈКП „Водовод“ – Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Христо Ботев“, во рамки на активностите за модернизација и подобрување на водоводната инфраструктура во градот.

Од претпријатието информираат дека работите ќе се одвиваат континуирано до целосно завршување на предвидената делница.

Со реконструкцијата се очекува да се обезбеди посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на Битола.

Во меѓувреме, во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „150-та“, а во наредниот период се планираат активности и на делови од улиците „Дебарска“ и „Студентска“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран