
Тројца лица се задржани во Полициската станица Тетово поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Станува збор за 33-годишниот Н.Ч. од Скопје и две лица од Приштина, 21-годишната А.Л. и 25-годишната А.В.
Тие биле лишени од слобода на 29 септември од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Рогачево“, поради постоење основи на сомнение за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При извршен преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово на 30 септември во 03:40 часот.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветен поднесок.















