УТРО.мк

Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“ со заеднички чекор кон заштита на природното наследство

Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“ со заеднички чекор кон заштита на природното наследство
Vero

Македонското еколошко друштво и Националниот парк „Пелистер“ денеска потпишаа договор за соработка со кој се воспоставува рамка за заедничко делување во областа на заштитата на природата, биолошката разновидност и одржливото управување со природните ресурси.

Договорот го потпишаа извршната директорка на Македонското еколошко друштво, м-р Робертина Брајаноска, и директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски. Со него се предвидува размена на знаења и експертиза, како и заедничка реализација на истражувачки и едукативни активности насочени кон заштита, зачувување и промоција на природните вредности на паркот.

Посебен акцент ќе биде ставен на мониторингот на клучни растителни и животински видови, како и на активно вклучување на локалните заедници од подножјето на Баба Планина во процесите на заштита и одржливо управување со природното наследство на регионот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран