УТРО.мк

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства
Vero

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.74 промили алкохол во крвта.

Исто така, тој му ја туркал раката на полициски службеник, со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран