УТРО.мк

Фатени на дело: Палеле кабли и сува трева – тројца уапсени за предизвикување пожари

Фатени на дело: Палеле кабли и сува трева – тројца уапсени за предизвикување пожари
Vero

Тројца граѓани, меѓу кои и малолетник, се уапсени во Скопје и Дебарско под сомнение дека намерно предизвикале пожари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, ноќеска во 00:05 часот во скопската населба Карпош, полицијата уапсила 15-годишно момче кое било затекнато како пали кабли во кругот на фирма на улицата Скупи. Пожарот бил навреме изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на неговата маќеа и адвокат, а по документирањето ќе следува поднесок за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

Вториот случај се случил вчера попладне, околу 16:10 часот, на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје. Лишен од слобода е 44-годишниот И.К., кај кого полицијата пронашла запалка и најлонска вреќа со запалени кабли и метални предмети. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во село Долно Косоврасти, Дебарско, утринава во 9:50 часот била приведена 43-годишната А.Х., која запалила сува трева и предизвикала пожар. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица, огнот бил изгаснат до 10:10 часот.

МВР најавува дека презема мерки за целосно расчистување на сите случаи и потсетува дека предизвикувањето пожари е кривично дело со сериозни последици.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран