УТРО.мк

Гори на границата со Грција: Огнен пекол во село Николиќ, над 40 пожари беснеат низ државата!

Гори на границата со Грција: Огнен пекол во село Николиќ, над 40 пожари беснеат низ државата!
Vero

Во моментов најсериозна е ситуацијата со големиот шумски пожар кај дојранското село Николиќ, кој веќе неколку дена не стивнува и постојано ја менува насоката поради силниот ветер. Огнената стихија сериозно се заканува да се прошири кон граничната линија со Грција и да ги зафати околните шуми, предупредуваат надлежните.

„Утрово испративме еден армиски хеликоптер кој дејствуваше прецизно, но ветрот го отежнуваше гаснењето. Овој пожар е исклучително сложен“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Со цел да се спречи катастрофа, преку Европскиот механизам за цивилна заштита побарана е интервенција со два канадери од Грција. Дополнително, на располагање се уште еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР-трактори, од кои вториот штотуку пристигна во Скопје.

Но, ситуацијата станува сè поалармантна – нов пожар избувнал и во Крива Паланка, во близина на местото каде неодамна веќе беснееше огнена стихија. Само во изминатите два дена се регистрирани над 40 пожари на отворен простор низ целата земја.

Надлежните апелираат на максимална претпазливост, додека пожарникарите, армијата и службите за спасување водат битка со пламените јазици.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран