На 02.09.2025 во 00:35 часот на улица „Христо Ботев“’ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.С.(29) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.67 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.