УТРО.мк

Левица го поддржа независниот кандидат Зоран Николовски за градоначалник на Битола

Левица го поддржа независниот кандидат Зоран Николовски за градоначалник на Битола
Vero

Партијата Левица денеска официјално објави дека на претстојните локални избори ќе застане зад независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски.

„Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа за Битола со која Левица ќе настапи на локалните избори. И официјално ја информираме јавноста дека Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник – архитектот Зоран Николовски, како докажан професионалец со реализирани проекти во својот роден град“, стои во соопштението на партијата.

Од Левица нагласуваат дека Битола заслужува силен кандидат кој ќе донесе свежи идеи и промени, а поддршката за Николовски ја сметаат за „авангардна комбинација“ која ќе овозможи развој и нови решенија за градот.

Платформата ќе биде составена од интелектуалци и професионалци кои ќе го вложат своето знаење во служба на Битола, со цел да ја реализираат визијата на партијата за прогресивен и развиен град.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран