УТРО.мк

Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски одржа средба со претставници на норвешката технолошка компанија „Аvilo group“, која неодамна отвори свое претставништво во Битола.

На средбата присуствуваа Стеинар Мек Шејн Ериксен, извршниот директор и основач на „Аvilo“ од Норвешка, како и претставници од компанијата задолжени за претставништвото во Македонија.

За време на средбата беше презентирана работата и визијата на компанијата „Аvilo group“, како и причините поради кои од повеќе градови и држави, токму Битола беше избрана како локација за инвестиција и понатамошен развој. Претставниците на компанијата истакнаа дека тимот ја препознал Битола како град со потенцијал, квалитетни млади кадри и можности за долгорочен раст.

Преку „Аvilo group“ Македонија, компанијата ќе работи во тесна соработка со локалните компании од Битола и од цела Македонија, со цел да им помогне во процесите на дигитализација и автоматизација на работењето, пренесувајќи знаење и искуство стекнато на норвешкиот и меѓународниот пазар.

Од компанијата нагласија дека веруваат во младите како двигатели на иднината и дека Битола е вистинскиот град за инвестирање, развој и градење стабилни партнерства.

„Средбата претставува позитивен чекор кон унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и странските компании кои гледаат потенцијал за раст и развој во Битола“ , истакна градоначалникот Коњановски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран