УТРО.мк

Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија

Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители му помогнале да побегне на осомничен за сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на 9 јануари во скопската населба Капиштец. Двајцата се обвинети за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинението, тие со умисла му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, веднаш по несреќата дошле до домот на осомничениот, го зеле него и неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Откако ги оставиле таму, помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Со обвинението, јавниот обвинител доставил и предлог до судот за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.

Во меѓувреме, осомничениот за сообраќајната несреќа со смртен исход сѐ уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје.

Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.

Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран