
Поради пукната цевка и дефект на дистрибутивната мрежа, прекината е испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во Скопје, информираат од ЕСМ.
Без греење во моментов се корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од ЕСМ соопштуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на лоцирање и изолирање на дефектот.
По завршување на интервенцијата, од компанијата уверуваат дека испораката на топлинска енергија ќе биде нормализирана во најкраток можен рок.



























