УТРО.мк

Коњановски со поддршка за новите сезонски пожарникари во Битола

Коњановски со поддршка за новите сезонски пожарникари во Битола
Vero

Дваесет нови сезонски пожарникари во Битола успешно ја завршија обуката за справување со пожари и укажување прва помош, во рамките на мерката 6.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година. Обуката е дел од проект кој се реализира низ 13 општини, со вкупно 364 кандидати на државно ниво.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги посети учесниците за време на нивната обука и упати поддршка, охрабрување и благодарност за нивната подготвеност да се вклучат во заштитата на населението и природата. Тој истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи со вложувања во ТППЕ Битола преку доопремување на новата противпожарна станица, како и преку подготовка на дополнителен стручен кадар.

Програмата се реализира во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за вработување, Противпожарниот сојуз, Црвениот крст, општините и територијалните противпожарни единици. Во Битола, кандидатите минаа низ теоретска обука, практични вежби на терен и тренинг за прва помош.

По завршување на обуката, следува склучување договори и распределба на пожарникарите во рамки на локалните противпожарни единици. Новите кадри ќе бидат важен ресурс за зголемување на капацитетите за справување со пожари, но и за јакнење на безбедноста и отпорноста на локалната заедница.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран