Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и за излез од државата изнесува околу 40 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од појава на одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.