УТРО.мк

Коњановски: Регионална соработка за поефикасно управување со водните ресурси

Коњановски: Регионална соработка за поефикасно управување со водните ресурси
Vero

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на работната средба на која беше претставен проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води“, финансиран од Европската Унија.

Средбата се одржа во Битола, каде што претставниците на консултантскиот тим – предводен од раководителот Ад Санен – ги презентираа главните цели и активности на проектот. Настанот ги обедини клучните чинители од водниот сектор, меѓу кои и раководителите на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Стрежево“, како и претставници од општина Новаци.

Проектот има за цел да го надмине проблемот со територијалната фрагментација при обезбедувањето на водни услуги, да ја зголеми ефикасноста и да анализира опции за кластеризација во три пилот региони, вклучувајќи го и битолскиот, заедно со општините Новаци и Могила.

Коњановски истакна дека Битола е подготвена активно да учествува во реформите и да ги поддржи процесите кои водат кон подобрување на услугите за граѓаните.

Проектот, со времетраење од 30 месеци, го спроведува австриската HYDROPHIL во партнерство со GIZ, VeVe Group и IAWD, во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. На средбата беа посочени и конкретните предизвици со кои се соочуваат јавните претпријатија во Пелагонија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран