УТРО.мк

Коњановски: 2 милиони денари годишна поддршка за одбојкарките на Пелистер Волеј

Коњановски: 2 милиони денари годишна поддршка за одбојкарките на Пелистер Волеј
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, најави финансиска поддршка за одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј во износ од 2 милиони денари по сезона, преку предлог за двегодишен договор до Советот на Општина Битола.

„Пелистер Волеј не се само одбојкарки. Тие се симбол на храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Овие девојки секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена“, истакна Коњановски, додавајќи дека поддршката не е само инвестиција во спортот, туку и во вредностите на младите и иднината на Битола.

Коњановски потенцираше дека со поддршка на девојките кои сонуваат, се гради инспиративна и силна Битола. Иницијативата претставува дел од пошироките заложби на општината за развој на женскиот спорт и промоција на родова еднаквост во сите општествени сфери.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран