УТРО.мк

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зеленилото во населбата „Димо Наредникот“

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зеленилото во населбата „Димо Наредникот“
Vero

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот.

Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на потегот од споменикот „Прилепски бранители“ до мостот во населбата, биле откорнати старите зимзелени растенија и ружи, по што на нивно место се засадени нови садници.

Од претпријатието информираат дека активностите ќе продолжат уште краток период согласно планот, по што ќе следи пауза во текот на летниот период. Продолжувањето на акцијата е најавено за наесен, кога временските услови ќе бидат најповолни за засадување и обновување на зеленилото.

Од ЈКП Комуналец – Прилеп посочуваат дека со ваквите активности се придонесува за поубава и поздрава животна средина за граѓаните.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран