
38-годишна тетовка била физички нападната по претходно недоразбирање во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.
Според информациите, на 12 мај во 20:10 часот од Клиничка болница Тетово во полиција пријавиле дека кај нив за укажување лекарска помош дошла Ф.З.(38) од Тетово со повреди.
Од пријавеното, инцидентот се случил на улицата „Браќа Миладинови“, каде по расправија во сообраќајот таа била физички нападната од женско лице.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
















