
Едно лице е тешко повредено, а две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Боца Иванова“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 мај околу 18 часот, а во неа учествувале патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Куманово и патничко возило „сеат“, управувано од Е.Р.(22) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на „дачиата“, додека со телесни повреди се здобиле возачот на „сеатот“ и неговиот сопатник Б.М.(24) од Скопје.
Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
















