
Во март во земјата се регистрирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем број од странските туристи пристигнале од Германија – 9.645, по што следат Турција со 9.090, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.
Од вкупниот број туристи во март, 19,7 отсто биле домашни, додека 80,3 отсто се странски посетители. Во однос на остварените ноќевања, домашните туристи учествуваат со 26,5 отсто, а странските со 73,5 отсто.
Во периодот јануари–март 2026 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број туристи е зголемен за 5,2 отсто. Притоа, кај домашните туристи е забележан раст од 1,3 отсто, а кај странските од 6,9 отсто.
Сепак, вкупниот број на ноќевања бележи пад од 0,3 отсто, при што кај домашните туристи има намалување од 1,2 отсто, додека кај странските е забележан благ пораст од 0,2 отсто.
















