УТРО.мк

Жена од Тетово пријавила дека била намамена во возило и добивала закани поради лажен профил на социјални мрежи

Жена од Тетово пријавила дека била намамена во возило и добивала закани поради лажен профил на социјални мрежи
Vero

27-годишна жена од Тетово пријавила во СВР Тетово дека била намамена во возило под изговор дека треба заедно да пријават злоупотреба на лични податоци и отворање на лажен профил на социјална мрежа, по што добивала закани и ѝ бил побаран мобилниот телефон.

Според пријавата, на 11 мај околу 18 часот, жената била повикана од лицето Х.Е. да се сретнат и да одат во полициска станица за наводен случај со лажен профил на социјалните мрежи. Кога влегла во возилото, забележала уште едно машко лице на задното седиште.

Наместо кон полициската станица, возилото се движело во друг правец, а според пријавеното, лицата ѝ упатувале закани и се обиделе да ѝ го одземат мобилниот телефон поради сомнеж дека таа стои зад лажниот профил.

По одреден период, жената била вратена во Тетово, а случајот бил пријавен во полиција на 12 мај во 13 часот.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран