УТРО.мк

Нов закон во Собранието – Нови поволни можности за полицајците

Нов закон во Собранието – Нови поволни можности за полицајците
Vero

Во Собранието е поднесен нов предлог-закон со кој се отвора можност вработените, пензионираните припадници на Министерството за внатрешни работи, како и членовите на семејствата на починати припадници, да ги откупат становите во државна сопственост што со години ги користат под закуп.

Предлогот е поднесен од група пратеници, меѓу кои Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Драган Ковачки, Никола Мицевски и Павле Арсоски, а се предлага законот да се донесе по скратена постапка.

Со законското решение се предвидува трајно решавање на станбеното прашање за лицата кои живеат во овие станови, кои досега не можеле да ги откупат бидејќи биле доделени само на користење. Право на откуп ќе имаат и пензионираните припадници на МВР, како и семејствата на починати корисници доколку исполнуваат услови и живееле во станот.

Цената на становите ќе се утврдува според градежната вредност, локацијата, трошоците за уредување на земјиштето и амортизацијата, а постапката за продажба ќе се спроведува по модел сличен на оној за становите во општествена сопственост.

За спроведување на постапката ќе се формира посебна комисија во рамки на надлежните институции, каде заинтересираните ќе треба да поднесат барање во одреден рок, по што ќе се утврдува правото на откуп.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран