
ТЕТОВО, 13 мај 2026 – Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, четврток 14 мај, неколку локации во тетовско ќе останат без напојување со електрична енергија.
Според известувањето за планирани прекини, струја нема да има на следниве локации:
Распоред на прекините за 14.05.2026:
• ТЕТОВО – Дел од населба Вонвардарска
Време: од 09:00 до 14:00 часот
• МАЛА РЕЧИЦА – Дел од Мала Речица
Време: од 09:30 до 14:00 часот
• ПАЛАТИЦА – Дел од с. Палатица
Време: од 09:30 до 14:30 часот
Од надлежните служби информираат дека прекините се неопходни за изведување технички зафати со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на мрежата.
















