УТРО.мк

Битолската гимназија добива престижен француски сертификат

Битолската гимназија добива престижен француски сертификат
Vero

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола добива значајно признание од Француското Министерство за Европа и надворешни работи. Како што потврдува Почесниот конзулат на Република Франција во Битола, училиштето ќе биде носител на престижниот бренд LabelFranceEducation, кој се доделува на образовни институции ширум светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава.

Годинава, битолската гимназија одбележува 20 години од воведувањето на француско-македонските двојазични паралелки. По тој повод, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер ќе го врачи признанието на специјална церемонија.

Свеченоста ќе се одржи на 13 ноември во Офицерскиот дом во Битола, каде пред јавноста ќе се презентира дведецениското искуство, резултати и напредок во интегрирањето на францускиот јазик во образовниот процес, со присуство на претставници од образовниот, културниот и општествениот живот на градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран