УТРО.мк

Пријавено силување на малолетничка во Дебарско, полицијата работи на случајот

Пријавено силување на малолетничка во Дебарско, полицијата работи на случајот
Vero

Секторот за внатрешни работи Охрид информираше дека се спроведуваат интензивни мерки за расчистување на случај на пријавено силување на малолетно девојче во реонот на Дебар.

Според пријавата поднесена вчера околу 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар, 41-годишен жител на подрачјето соопштил дека лице од Тетовско извршило полови дејствија врз неговата малолетна ќерка.

„Се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на фактичката состојба,“ изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата работи на идентификација и пронаоѓање на осомничениот, како и на прибирање докази поврзани со настанот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран