На 10 ноември 2025 година, околу 03:22 часот, во село Батинци, скопско, на место викано „Дрешница“, беше пријавено дека патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки целосно се запалило. Возилото е во сопственост на Н.Р. (43) од село Црн Врв.
На местото на настанот интервенираше екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје која го изгасна пожарот, а среќа во несреќата е што нема повредени лица. СВР Скопје спроведе увид на лице место за да се утврдат причините за пожарот.























