УТРО.мк

Благајничка од ЈКП Кавадарци присвоила над половина милион денари, поднесена кривична пријава

Благајничка од ЈКП Кавадарци присвоила над половина милион денари, поднесена кривична пријава
Vero

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против В.Д. (48) од Кавадарци, вработена како благајник во Јавното претпријатие за комунални работи, поради основано сомнение за „проневера во службата“ и „затајување“.

Според истрагата, во периодот од 22 септември до 31 октомври 2025 година, таа присвоила вкупно 568.684 денари од претпријатието. Парите потекнувале од дневниот промет на наплатните пунктови за водоснабдување и комунални услуги. Дел од средствата ги задржувала за себе, а остатокот го внесувала на сметката на претпријатието на начин кој ја оштетил институцијата за наведениот износ.

Случајот е пријавен и продолжува понатамошната постапка пред Јавното обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран