УТРО.мк

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишени од слобода две лица, поднесена е кривична пријава

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишени од слобода две лица, поднесена е кривична пријава
Vero

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран