Колапс на фронтот: Русите го стегаат обрачот – се отвора нов пат; паѓа клучен град?
Аналитичарите од украинскиот воен проект DeepState забележале значително проширување на таканаречената „сива зона“ долж линијата Солодке–Новомиколаевка–Ривнопиља–Нове–Новоуспенивске во Запорожката област.
Според информациите на Украинска правда, непријателските сили го зголемиле своето присуство во регионот на овие населени места, каде што се водат постојани борби. „Конкретно, непријателот целосно го окупираше селото Успиневка, а се проверуваат информации за окупација на Солодке и Привилне. Во моментов, руските сили силно притискаат кон Нове и Новоуспенивске и веќе започнуваат да навлегуваат во Ривнопиља“, се наведува во соопштението на DeepState.
Забележана е изразена бројна надмоќ на руските сили, а голем дел од територијата на Украина е доведен под прашање, што може да го загрози градот Гуљајполе.
Според извештајот, „окупацијата на Ривнопиља отвора оперативен простор од север кон самиот град и го отежнува одржувањето на позициите во Зелен Гај и Високе (Червоне)“.
„Сето ова време, Гуљајполе беше неосвоив град за непријателот, кој вложуваше големи напори да навлезе, особено од правецот на Марфопиља. Сега се отвора нов пат, кој може сериозно да ја закомплицира одбраната на ова важно населено место“, додава DeepState во извештајот.























