УТРО.мк

Обид за измама во Тетово: Лажно се претставила како полицајка и барала 30.000 евра

Обид за измама во Тетово: Лажно се претставила како полицајка и барала 30.000 евра
Vero

На 10 ноември 2025 година, во 21:40 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово, 53-годишна жена од тетовско пријавила обид за измама во која било барано да плати 30.000 евра.

Како што информира полицијата, жената телефонски била контактирана од лице кое се претставило како полициски службеник. Лажната полицајка ѝ соопштила дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која било прегазено осумгодишно дете. За наводниот случај да не биде пријавен во полицијата, од неа било побарано да уплати 30.000 евра и да не информира никого за разговорот.

Жената веднаш се обидела да стапи во контакт со нејзината ќерка и кога потврдила дека приказната е лажна, инцидентот го пријавила во полицијата.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и откривање на сторителот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран