Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Пробиштип, на која за претседател беше избран Бојан Серафимовски.
Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека со новиот состав се отвора нова страница во работењето на Советот. „Советот нека биде место на конструктивни и аргументирани дебати, место од каде ќе произлегуваат нови идеи и решенија за развој на Пробиштип“, изјави Тоневски.
Тој додаде дека во наредните четири години советниците ќе работат заедно со цел подобар и поразвиен Пробиштип. „Среќна и успешна работа на сите советници“, порача Тоневски.























