УТРО.мк

Денешното рочиште за случајот со родилката од Дебар повторно одложено

Денешното рочиште за случајот со родилката од Дебар повторно одложено
Vero

И денешното рочиште за судскиот случај на Јилдиз Веапоска, родилка од Дебар, е одложено за следниот понеделник. Причината е отсуство на вештаците кои се на службено патување во странство и имаат закажани операции во текот на целата недела.

Вештаците изработиле супервештачење по барање на судот, кое допрва треба да биде презентирано. Во него се опишува што се случувало по царскиот рез и дали имало лекарска грешка која резултирала со тоа Веапоска да остане без матка, јајник и бубрег на породувањето во струшката болница.

Денеска во судницата беше присутен првобвинетиот лекар Мухамед Асани, придружуван со полициска асистенција, како и другите двајца обвинети лекари. Ова е уште едно одложување, по претходните два од минатата недела кои беа откажани поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Адвокатот на Јилдиз, Сашо Јанев, истакнува дека одбраната прави стратегија за да застари делото. Веапоска пак вели дека е целосно исцрпена по години борба низ судските лавиринти и најавува протести ако рочиштата не се одржат до крајот на месецов.

Судскиот процес започна во 2022 година, а досега се сменети двајца судии поради пензионирање. Обвинителството ги товари тројцата доктори за тешки дела против здравјето на луѓето, а делото застарува во август 2026 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран