УТРО.мк

НАТО под зголемено внимание по падот на руски дрон во Романија

НАТО под зголемено внимание по падот на руски дрон во Романија
Vero

Руски дрон паднал на територија на Романија за време на ноќниот напад врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса, соопшти денес романското Министерство за одбрана. Инцидентот повторно го отвора прашањето за безбедноста на воздушниот простор на НАТО во услови на интензивирани руски напади врз украинските пристаништа долж Дунав, пренесува The Kyiv Independent.

Главната цел на нападот бил округот Измаил, кој се наоѓа веднаш спроти Романија, со која Украина дели граница долга околу 600 километри. Според романските власти, радарски системи детектирале групи дронови кои се приближувале кон романскиот воздушен простор, поради што единиците за воздушна одбрана биле ставени во готовност. Лошите временски услови спречиле полетување на воени авиони кои требало да реагираат.

Околу полноќ, жителите на градот Тулча добиле предупредување преку системот RO-Alert за можна закана. Во исто време, во близина на украинското пристаниште Измаил се слушнале силни експлозии, откако руските сили повторно ги таргетирале пристанишните објекти.

Романските сили потврдиле дека добиле пријава за пад на беспилотно летало во близина на селото Гринду, околу пет километри од украинската граница. Воени единици веднаш биле испратени на терен за обезбедување и анализа на остатоците.

Според Министерството за одбрана на Романија, инцидентот не предизвикал жртви и не постоела директна опасност за населението, но истрагата продолжува.

Ова е најнов во низата слични случаи. Пред два месеци, друг руски дрон навлезе околу 10 километри во романскиот воздушен простор за време на напад врз Украина и таму остана речиси еден час, по што се врати назад без интервенција од романските сили.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран